Во сабота „последниот танц“ на Несторовски во Удине

Во сабота Илија Несторовски ќе се збогува од фановите на Удинезе. Македонскиот напаѓач ќе го игра „последниот танц“ во Удине, град кој ги мина последните три години. Му истекува договорот, и истиот нема да биде продолжен.

„Газета“ пишува дека Несторовски може да му даде шанса и меѓу стартерите за да има достојно збогум со навивачите.

Следната дестинација на Нестор ќе биде позната во следниот период, и најверојатно ќе остане во Италија откако неколку клуба од Серија „А“ и Серија „Б“ се заинтересирани за него.

Несторовски во 2019 година дојде во Удинезе. Претходно беше дел од Палермо, од Интер Запрешиќ, а играше и во Победа, Словачко, Викторија Жижков и Металург. За националниот тим има 46 настапи и постигнато 10 гола.

Се вчитува...