Во седмиот меч по втора победа: Единствената радост против Израелците ни ја донесе двоецот Елмас – Пандев… (ВИДЕО)

Македонија и Израел вечерва од 20:45 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ги очекува седмата меѓусебна пресметка во историјата. Пет официјални и еден пријателски натпревар досега одиграле двете селекции од кои далеку поуспешен е Израел со четири победи, едно реми и само еден пораз и вкупна гол разлика од 9-6 во корист на Израелците.

Единствената досега победа Македонија ја запиша на 2. септември 2017 година кога во квалификациите за СП 2018, славеше во Хаифа со 0-1 благодарение на двоецот Елиф Елмас – Горан Пандев. Елмас одлично асистираше во 73. минута а Пандев мајсторски го постигна единствениот погодок за триумф на натпреварот. И двајцата вечерва се очекува да бидат во стартниот состав на Македонија.

Составот на Игор Ангеловски ќе атакува на втората победа во меѓусебните пресметки. Интересно, сите досегашни победи на Израел се минимални со еден гол разлика, како што е и триумфот на Македонија. Единственото реми беше одиграно пред само два месеци во рамките на овој квалификациски циклус во Бер Шева.

Се вчитува...