Во сообраќајна несреќа во Сараево загина фудбалска репрезентативка на БиХ

Поранешната фудбалска репрезентативка на БиХ, Амела Фетаховиќ загина вчера во сообраќајна несреќа која се случила во Сараево.

Фетаховиќ, кој потекнува од фудбалската школа на СФК 2000 Сараево, во својата кариера настапувала и за Фортуна, како и за клубови во Србија и во Словачка.

Фудбалскиот свет од БиХ е во шок поради загубениот млад живот.

„Со огромна тага ја добивме веста за трагичната смрт на Амела Фетаховиќ која подлегна на повредите по сообраќајна несреќа. Со сите мисли сме со најблиските на Амела“ – се огласија и од СФК 2000 Сараево.

Се вчитува...