Во среда во Рим доаѓаат Англичани: Забрана за продажба на алкохол!

Рома во среда на „Олимпико“ го пречекува Ливерпул на реванш дуелот од полуфиналето во Лигата на шампионите. „Црвените“ славеа на својот „Енфилд“ со 5-2 па јасно е дека „волчицата“ ќе и биде неопходно уште едно чудо за да стигне до финалето во Киев.

А, првиот меч во Ливерпул беше одбележан и од нередите на гостинските навивачи поради кои двајца навивачи на Ливерпул се борат за живот.

Сега, за реваншот, властите на Рим одлучија да се воведат строги мерки на самиот ден на натпреварот. Во цел Рим во среда ќе биде забрането точење на алкохол по рестораните и кафе-баровите, како и комплетна забрана за продажба на истиот. Сето тоа за да се спречи нерационално однесување на навивачите од двете страни и евентуални судири.

Претставниците на двата клуба и УЕФА вчера имаа и официјален состанок со италијанската полиција за да се осигура безбедноста на гостинските навивачи. Забраната за алкохол почнува во среда во раните утрински часови и ќе трае повеќе од 24 часа.

Се вчитува...