Академија Пандев го пречекува Шкупи во дербито на денешното 8. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Најинтересната денешна пресметка, без сомнение, денеска во Струмица каде „пандевци“ ќе се обидат да ја зачуваат лидерската позиција и покрај тоа што ги очекува повеќе од сериозен предизвик.
Во таборот на Шкупи, пак, веруваат дека може до трите бода. Марјан Радески го нагласува респектот кој го чувствува за својот поранешен клуб, но чаирчани атакуваат на триумф на денешното гостување…
„Носам навистина максимална почит за Академија Пандев. Минав одличен период од мојата кариера во Струмица и затоа сум возбуден што се враќам таму против клубот на Горан Пандев, кого максимално го почитувам. Но, амбициите на Шкупи се јасни уште од почетокот на сезоната. Како и на секој натпревар од првенството и на ова дерби одима на победа. Мислам дека ќе биде интересен натпревар. Доколку ги завршиме задачите зададени од стручниот штаб како што треба тогаш можеме до победата“ – вели Радески.
ПРВА ЛИГА – 8. КОЛО (денеска, 15 ч.)
Струмица: АК. ПАНДЕВ – ШКУПИ
Тетово: РЕНОВА – БРЕГАЛНИЦА
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР
Струга: СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА
Велес: БОРЕЦ – СКОПЈЕ
Кавадарци: ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА ЃП
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА