Во Талин избегнато понижување…, поука – не смее да има потценување (ФОТОГАЛЕРИЈА)

И наспроти големиот број проблеми уште пред самиот натпревар со кроењето на составот, и наспроти желбата да се даде одмор на дел од стандардните првотимци, факт е дека македонските репрезентативци, оние кои се појавија на теренот на „Ле Кок“ арената во Талин, опуштено се впуштија во дуел со Естонија па на крајот едвај успеавме да избегнеме понижувачки пораз.

Селекторот Игор Ангеловски кроеше состав без Алими, Бејтулаи, Муслиу, Тошевски и голманот Столе Димитриевски, се одлучи на клупата за резервни фудбалери да ги остави стандардните првотимци Пандев, Барди, Несторовски и Дарко Велковски…, па сето тоа очигледно им даде крилја на Естонците кои беа пред победа.

За Македонија добра поука околу (не)потценувањето на било која европска селекција, доколку се посакуваат победи, но ремито, во секој случај е продолжување на позитивниот пат и во новата сезона од Ц лигата во УЕФА Лигата на нации. И натаму без пораз, на врвот од табелата, благодарение и на ремито (2-2) меѓу Ерменија и Грузија во оваа рунда натпревари.

 

 

 

Се вчитува...