Во Велес се празнеше трибината за да почне мечот Борец – Шкендија (ФОТО)

Почетокот на дуелот меѓу Борец и Шкендија доцнеше нешто повеќе од пет минути, поради барањето на официјалните лица да се почитува одлуката на ФФМ за одигрување на сите средби од ова коло без присуство на публика.

Во моментот кога фудбалерите на двете екипи се појавија на теренот на трибините имаше триесетина навивачи, по што судиите јасно ставија до знаење дека мечот да почне додека трибините не се испразнат. Навивачите го напуштија стадионот и од паркот во Велес ќе го следат натпреварот, на трибините останаа само неколку новинари и членови на управите на двата клуба, по што судијата даде знак мечот да стартува.

Се вчитува...