ВО ЖИВО: Околу милион навивачи на улиците на Буенос Аирес да ги поздрават светските шампиони

Информациите велат дека блиску 1 милион навивачи се излезени на улиците на Буенос Аирес за да ги поздрават светските шампиони кои утрава пристигнаа со пехарот во главниот град на Аргентина.

Во главниот град на Аргентина се подготвува фешта, а се очекува и фудбалерите да им се обратат на навивачите.

Во Аргентина денеска беше прогласено неработен ден за да се слави шампионскиот трофеј освоен во неделата со победата над Франција на пенали.

Целата церемонија може да ја следите во живо на видеото подолу:

Се вчитува...