„Воините“ го декласираа Кливленд во првата битка од финалето

Кошаркарите на Голјден Стејт вориорс надмоќно ја добија првата финална битка против Кливленд, совладувајќи ги со 113-91. Немаше нитиу малку неизвесност, а Леброн Џејмс немаше поддршка од соиграчите за да го направи овој дуел поинтересен. Тој го одработи своето, постигна 28 поени, имаше 15 скока и осум асистенции, но тоа ниту од далеку не беше доволно за неговиот Кливленд со триумф да ја започне финалната серија во НБА-лигата.

Кари постигна 28 поени и имаше 10 асистенции, но Кевин Дурант беше незадржлив за одбраната на Кливленд. Тој уфрли 38 поени, и имаше по осум скокови и асистенции. Имаше време дури и за „војна“ со музичката ѕвезда Ријана, која седеше во првиот ред, и навиваше за Кливленд.

Гостите направија премногу грешки, дури 20 во текот на натпреварот, наспроти само четири на „вионите“. Со еден таков пристап, Кливленд немаше шанси против разиграниот состав на Голден Стејт вориорс.

Се вчитува...