„Воините“ незапирливи: Нов убедлив пораз на Кливленд… (видео)

По убедливата победа на Голден стејт против Кливленд во првиот меч од НБА финалето, повторно исто сценарио и нова победа на „воините“ на домашен паркет, овој пат со 132-113. Победа за водство на Голден стејт од 2-0 во финалнста серија која сега се сели во Кливленд.

Иако Кливленд добро го почна мечот, сепак набрзо Стеф Кари и Кевин Дурант презедоа се во свои раце, па првиот период го решаваат во своја корист од 40-34. Неизвесната борба продолжи и во втората четвртина во која Кливленд заигра далеку поагресивно во одбраната, па на полувреме замина само со три поени негатива (67-64).

Третата четвртина го одлучи победникот на мечот. Голден стејт влезе во ритам комплетно доминирајќи и постојано зголемувајќи ја предноста. Кон средината од последната четвртина разликата дојде и до 22 поени предност за домашните, кои до крајот само рутински ја приведоа средбата до финишот.

Кај Голден стејт прв плеј-оф „трипл-дабл“ запиша Стеф Кари со 32 поени, 10 скока и 11 асистенции, додека најефикасен беше Кевин Дурант со 33 поени, на кои имаше уште 13 скока и 6 асистенции. Одличен беше и Клеј Томпсон со 22 поени. Кај Кливленд најефикасен беше Леброн Џејмс со 29 поени, 11 скока и 14 асистенции. Кевин Лав постигна 27 поени.

Следниот натпревар од финалето е утрото на 8. јуни со почеток од 3 часот по средноевропско време.

Се вчитува...