Војчех Шчешни потпиша договор со Јувентус до 2024

Полскиот голман Војчех Шчешни и во наредните четири години ќе го брани голот на „старата дама“. Тој потпиша нов договор со италијанскиот првак Јувентус според кој се обврзува да остане во Торино до 2024 година.

Шчешни дојде во Јувентус во сезоната 2017/18 откако претходно беше дел од Арсенал и од Рома. Во првата сезона му беше резерва на Џанлуиџи Буфон, но потоа стана стандарден првотимец. Досега има одиграно 84 натпревари за Јувентус и може да се пофали со одличен просек од само 0,7 примени голови по меч. Има освоено две шампионски титули, како и трофеи во Купот на Италија и во Суперкупот на Италија.

Се вчитува...