Војдан дебитираше за По Ортез во ЛШ

Војдан Стојановски само неколку дена по пристигнувањето во По Ортез вечерва го одигра и првиот натпревар во дресот на поранешниот француски првак, и тоа на гостувањето во Германија против Вехта во рамките од Лигата на шампионите на ФИБА. Стојановски и соиграчите се обидоа да приредат изненадување, но по голема битка претрпеа пораз од 92-86, со што останаа закопани на дното на табелата со само две победи по првите осум кола.

По Ортез добро парираше, на три минути до крајот се приближи на само еден поен разлика, но фуриозната завршница на Вехта пресуди Германците на крајот да се радуваат на победата.

Капитенот на македонската репрезентација мина на теренот 28 минути, реализирајќи пет поени. Стојановски немаше свој шутерски ден, погодувајќи само еден од осумте упатени удари од поле и три од четирите слободни фрлања. Зад името на Македонецот останаа запишани и четири скока и една асистенција.

Се вчитува...