Војдан и Данкерк потопени од Дижон

Војдан Стојановски и Данкерк претрпеа уште еден пораз, четврти во петтиот меч од француското првенство откако вечерва загубија на домашен терен од Дижон со резултат 67-81. Гостите допатуваа во Данкерк со перфектни 3-0 во досегашниот дел од сезоната и успеаја да наметнат силно темпо што Стојановски и соиграчите не успеаја да го следат.

Дижон водеше во текот на целиот натпревар, но гостинските кошаркари клучната предност ја создадоа кон крајот на третата и почетокот од четвртата четвртина, кога стигнаа до двоцифрена позитива што рутински ја задржаа до самиот крај.

Македонскиот репрезентативец одигра 18 минути и реализираше седум поени, сите во првото полувреме (0/3 за тројка, 2/2 за два, 3/3 за еден поен).

Се вчитува...