Војдан и Олденбург се незапирливи во Бундес-лигата

Војдан Стојановски и Олденбург ја продолжуваат импресивната серија во Бундес-лигата, откако рутински славеа на денешното гостување против Готинген со 79-96. Ова беше петта победа во серија за Олденбург, со што тимот на македонскиот капитен дополнително се зацврсти на табелата по поразот што го претрпе Бамберг.

Готинген ја доби првата четвртина со 25-17, но Војдан и соиграчите презедоа контрола од вториот период (15-31), го свртеа резултатот во своја полза и на крајот славеа со убедливи 17 поени разлика.

Македонскиот репрезентативец не беше шутерски расположен, постигнувајќи 6 поени (1/6 од поле, 4/4 за слободни фрлања), имаше и четири скока и три асистенции, а одигра и значајна улога во одбраната.

Се вчитува...