Војдан му донесе победа на Данкерк против својот поранешен клуб

Капитенот на кошаркарската репрезентација на Македонија Војдан Стојановски беше еден од најдобрите поединци на Данкерк во победата над својот поранешен клуб По Ортез со 64-59. Војдан мечот го заврши со 11 поени (4/9 за два, 1/5 за три) за нешто повеќе од 35 минути на паркетот.

Со оваа победа Данкерк ја прекина серијата од четири порази по ред во францускиот шампионат, а ова беше и прва победа за новиот тренер Серж Кревекер, кој обезбеди опстанок во најсилната француска лига. Во моментов Данкерк е на претпоследната позиција во шампионатот, но е оддалечен само една победа од местата кои и следната година водат во елитното кошаркарско натпреварување во Франција.

Се вчитува...