Војдан Стојановски го напушта Олденбург

Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Војдан Стојановски заминува од германскиот бундеслигаш Олденбург, објави клубот на официјалниот сајт. Тој по една сезона заминува од редовите на Олденбург. На негово место веќе е ангажирано ново засилување, Кевин Меклејн, американски кошаркар кој поседува и германски пасош.

Војдан Стојановски гради интернационална кариера од 2011 година. Прво замина во Черкаси Мавпи, играше и во Доњецк, Алба Берлин, Морабанк Андора, Реал Бетис и Бујукчекмеџе. Најверојатно е дека повторно ќе се врати во турскиот кошаркарски шампионат.

Се вчитува...