Војдан Стојановски и Ненад Димитријевиќ од денеска на тренинг во Скопје (ФОТО)

Македонската сениорска кошаркарска репрезентација која во Скопје ги одбработува подготовките за престојните Олимписки претквалификации од денеска е посилна за уште два кошаркари откако на групата се приклучија Војдан Стојановски и Ненад Димитријевиќ.

До крајот на денот се очекува во главниот град да пристигне и Ти-Џеј Шортс со што ќе се комплетира списокот на повикани играчи од страна на селекторот Алескандар Јончевски.

Покрај овие двајца на теренот од денеска е и новиот кошаркар на МЗТ Скопје, Марко Миловановиќ кој доаѓа по дополнителен повик по повреда на Виктор Ефремовски.

Се вчитува...