Војдан Стојановски МВП на финалната серија во мак-баксетот

Кошаркарите на МЗТ Скопје стигнаа до десеттата јубилејна титула во мак-баскетот откако со „метла“ го урнаа Пелистер во финалната серија.

И на денешниот натпревар како и на претходните два во Скопје, најдобар поединец на „металците“ беше невројатниот Војдан Стојановски кој натпреварот го заврши со неверојатни 33 поени и неверојатна реализација од поле (12/14) и за тројка (6/7).

Токму поради овие одлични партии Војдан беше прогласен за најкорисен кошаркар во финалната серија во првата целосна сезона по неговото враќање од „печалба“.

Се вчитува...