Војдан Стојановски одличен во новата победа на Олденбург

Војдан Стојановски имаше значаен придонес во најновата победа на Олденбург, во која овој тим во рамките од Бундес-лигата триумфираше над Вурцбург со убедливи 109-93.

Пресудно беше првото полувреме, во кое Олденбург поведе со 15 поени предност, па и покрај обидите на гостите за камбек Стојановски и соиграчите одолеаја на притисокот и стигнаа до заслужен триумф.

Македонецот го заврши натпреварот со 14 поени и само едно промашување од поле (2/3 за тројка, 4/4 за два поени), со што беше трет стрелец на својот тим, зад Американците Паулдинг и Камингс.

Се вчитува...