Македонската сениорска кошаркарска репрезентација на самиот почеток на квалификациите за Евробаскетот 2025 година ја очекува и најбитниот предизвик – Естонија, во натпревар кој ќе биде одигран во СРЦ „Кале“ на 23. февруари.
А, за овој натпревар неизвесен е капитенот Војдан Стојановски кој во Куп финалето помеѓу неговиот МЗТ Скопје и Пелистер се пожали на повреда па не беше во можност да им помогне на „сино-белите“ во најголемиот дел од второто полувреме.
За среќа не станува збор за потешка повреда, но и покрај тоа 36-годишникот ќе биде неизвесен до самиот почеток на квалификациите, откри селекторот Александар Јончевски на денешниот собир за репрезентативците.
„Војдан Стојановски на последниот турнир во Битола заработи некоја повреда, не толку сериозна, но доволно да го оддалечи. Доколку се испостави дека резултатот е посериозен и дека нема да може да настапи на следниот натпревар и те како ќе бидеме хендикепирани. Не сме комплетни, ни фали Андреј Јакимовски кој не доби дозвола за настап на прозорецот со оглед на битните натпревари кои му следат во НЦАА лигата. Не радува тоа што е клучна фигура во еден тим каков што е Вашингтон Стејт. Би го издвоил и Кристијан Николов кој исто така не доби дозвола со оглед на тоа што му следат битни натпревари на клупско ниво“, изјави Јончевски кој потоа дообјасни за ситуацијата на капитенот.
„Се уште не знаеме, медицинскиот тим работи на случајот. Тој денеска беше на прегледи и терапии. Сите имаат исто мислење дека не е сериозна повредата, но натпреварот ни доаѓа во многу краток период што и три, четири дена ни претставуваат голем проблем“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА