Војдан во полуфиналето од Бундес-лигата

Војдан Стојановски ќе игра во полуфиналето од плејофот во германскиот шампионат откако со екипата на Олденбург славеше со максимални 3-0 во четвртфиналната серија против Бон.

Домашниот терен беше доволен адут на Олденбург на денешниот трет меч, на кој тимот на Македонецот повторно го надигра противникот и триумфираше со убедливи 97-84. Македонскиот капитен немаше свој шутерски ден, постигнувајќи само два поени со слаб шут од поле (1/8). Најефикасни во таборот на Олденбург при денешната победа беа Камингс со 27 и Бут со 25 поени.

Следен ривал на Стојановски и соиграчите ќе биде подобриот од серијата Алба – Улм, во која тимот на Алба има водство од 2-0.

Се вчитува...