„Војна“ меѓу Шпанија и Мароко за финалето на СП 2030

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги отфрли наводите на фудбалската федерација на Мароко, дека африканската земја ќе биде домаќин на финалниот натпревар од Светското првенство кое треба да се одржи во 2030 година.

СП 2030 ќе се одржи во три земји, Шпанија, Португалија и Мароко, а единствена дилема е дали финалето ќе се игра во Шпанија или Мароко.

Шпанија која е актуелен светски шампион, се смета за фаворит за организација финалето на СП 2030, Федерацијата планира тој меч да се игра на „Сантијаго Бернабеу“, но Мароканците жестоко лобираат тие да го организираат финалето.

Според медиумите од оваа африканска земја, пишуваат дека успеале да добијат поддршка од претседателот на САД, Доналд Трамп, а сè погласни се и шпекулациите дека Џани Инфантино им ветил на Мароканците дека ќе го организираат финалето доколку добие поддршка за нов мандат на чело на ФИФА.

Тие отидоа и чекор подалеку и веќе објавија дека ја добиле организацијата на финалниот натпревар од СП 2030.

„Градот Бенслиман ќе биде домаќин на финалето на СП. Можеби ви се допаѓа или не, и ако некој сака да зборува нека зборува.  Градот Бенслиман и стадионот „Хасан втори“ и се надевам дека Мароко, ќе бидат дел од финалето на СП 2030 година“, изјави Фузи Лекја, претседател на фудбалската федерација на Мароко.

Стадионот „Крал Хасан втори“ се уште е во фаза на изградба, а кога ќе биде готов, неговиот капацитет ќе изнесува 115.000 седишта и ќе биде најголем фудбалски стадион на светот.

Но, ФИФА веднаш се огласи по изјавата на Лекја и порача дека никаква одлука не е донесена.

 

Се вчитува...