Војна на фановите – Кој е виновен за инцидентот меѓу Хамилтон и Ферстапен?

Неверојатен старт ни донесе трката за големата награда на Велика Британија која се вози на патеката Силверстоун. Главните ривали за шампионската титула Луис Хамилтон и Макс Ферстапен имаа неверојатен дуел во кој на крајот подебелиот крај го извлече возачот на Ред Бул.

Веќе почна војната меѓу навивачите на двата табора кој е виновен за сударот. Навивачите на Холанѓанецот сметаат дека целата вина оди кај Луис Хамилтон, додека навивачите на Британецот велат дека е само тркачки инцидент.

 

Се вчитува...