Војна на Надал и Ѓоковиќ и надвор од терените – Тенисерите главни фаворити за купување клуб

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал се заинтересирани да станат сосптвеници на тенискиот клуб „Марбелја“ кој беше во сопственост на легендарниот Маноло Сантана, пренесуваат шпанските медиуми.

Легендарниот шпански тенисер почина во декември минатата година, па останува прашање каква е иднината на еден од најпознатите тениски места во оваа земја. Ѓоковиќ често го користеше овој центар какво своја база за тренирање. Во центарот работи и неговиот брат Марко и се повеќе првиот рекет на светот планира да се пресели таму засекогаш.

Од друга страна познато е дека Рафаел Надал имаше посебен однос со Сантана. Надал во ноември минатата година го посети центарот каде изнесе идеи како според него би требало да изгледа и дека треба да се изгради нов централен терен.

Се вчитува...