Војна во Баерн, Нојер си оди од „Алијанц Арена“

Мануел Нојер е подготвен да си замине од Баерн Минхен по „воениот фронт“ што германскиот репрезентативец го отворил контра директорот Хасан Салихамиџиќ. Имено, Нојер бил разочаран од одлуката на клубот да го ангажира Нубел од Шалке како негов наследник.

На овој голман му било ветено дека нема да седи на клупата цела сезона по доаѓањето, што само по себе значи уривање на митот за незаменливост на Нојер. Токму затоа, ветеранот отворено влегол во конфликт со Салихамиџиќ, кој пак од друга страна останал цврст на ставот дека Нојер веќе не треба да има статус на „недопирлив“ во клубот.

Целата ситуација се обидува да ја искористи Јувентус, чии челниците веќе го контактирале Нојер во обид да го убедат во јули да се пресели во таборот на „црно-белите“. Таму тој би ја добил улогата на прв голман од следната сезона, резерва би му бил Буфон, а Шчешни би бил продаден во текот на летниот преоден рок.

Мануел Нојер е член на Баерн од 2011 година, кога пристигна од Шалке во трансфер вреден 30 милиони евра. Тој досега бранеше на 362 средби за Баерн Минхен, на 184 од нив успевајќи да ја сочува својата мрежа незатресена.

Се вчитува...