„Војна“ во Грција, Атаман до Барцокас: Пријателе, немој да си љубоморен на мене

Жестока е битката за титулата во грчкото првенство, откако Панатинаикос славеше на третиот дуел од финалната серија со Олимпијакос, намалувајќи на 1-2.

Тренерот Ергин Атаман беше исклучуван на првите две средби, но Турчинот на третиот меч остана на клупата до самиот крај, носејќи го својот тим до победа.

„Прв пат имавме чист натпревар, односно судењето да биде регуларно. Ја покажавме нашата сила, покажавме зошто сме шампиони на Европа“, изјави Атаман.

Потоа турскиот стратег го „пецна“ својот ривал Јоргос Барцокас, враќајќи му за коментарите дадени по претходната победа на Олимпијакос.

„Слушнав дека мојот пријател Барцокас го спомнувал моето име на прес-конференцијата пред неколку дена. Пријателе, не го прави тоа, јас ќе си ја работам мојата работа, работи си ја ти твојата. Немој да бидеш љубоморен на мене, можеби и ти некогаш во иднина ќе успееш да ја освоиш Евролигата, нешто што твоите навивачи сигурно го очекуваат од тебе“, порача Ергин Атаман

Се вчитува...