Војна во Неапол – Де Лаурентис ги брка водачите на „бунтот“

Војната во Наполи ќе кулминира со бркање на неколку фудбалери, откако претседателот Аурелио де Лаурентис останал бесен поради недисциплината на екипата и одбивањето по ремито со Салцбург играчите да се вратат во тренинг-базата. „Наполитанците“ веќе преку клупско соопштение објавија дека е покрената внатрешна истрага и дека сите фудбалери ќе бидат санкционирани, но Де Лаурентис оди и чекор понапред, најавувајќи дека е подготвен да ги избра од клубот водачите на „бунтот“.

Станува збор за тројца првотимци, и тоа Хозе Калјехон, Дрис Мертенс и Алан, кој влијаеле врз останатите инсистирајќи дека враќањето во тренинг-кампот не може да донесе ништо добро за екипата. Алан во меѓувреме влегол и во конфликт со Едуардо де Лаурентис, син на првиот човек на клубот и воедно потпретседател на Наполи.

Калјехон и Мертенс имаат договори до 2020 година и не само што истите нема да бидат продолжени, туку двајцата ќе бидат ставени на трансфер-листа веќе во јануарскиот преоден рок. Истото ќе биде случај и со Бразилецот Алан, за кого Де Лаурентис минатото лето одби 60 милиони евра, но сега ќе инсистира на негова продажба, дури и по пониска цена.

Се уште е неизвесна судбината на тренерот Карло Анчелоти, кој по мечот се вратил во тренинг-кампот, но декларативно им дал поддршка на фудбалерите и за време на кризните состаноци што биле одржани во текот на утрешниот ден. Трофејниот стратег инсистира дека нема намера да си поднесе оставка, но не се исклучува можноста Де Лаурентис да му врачи отказ поради непослушност.

Се вчитува...