„Војна“ во ПСЖ: Тухел го остава Буфон на клупата за резерви!

Томас Тухел е познат како тренер што сака да наметнува авторитет врз ѕвезди во тимот, а сега стратегот на ПСЖ тоа ќе се обиде да го стори и преку Џанлуиџи Буфон. Италијанскиот голман пристигна летово од Јувентус, бранеше добро на првите средби, но Тухел сега најави дека го променил планот, па на ветеранот гледа како на резервна опција за Ареола.

„На стартот од сезоната им дадов шанса на двајцата голмани, можам да кажам дека избрав. Одлуката не е конечна, но веќе му кажав на Алфонс Ареола дека на него сметам како на прв голман сезонава. Тој доаѓа од академијата на клубот, ПСЖ е се за него во животот, одби неколку понуди за да остане овде… тоа е ситуација што мора да се почитува и да се награди. Мораме да бидеме горди што имаме вакви играчи, кои ја носат душата на ПСЖ со себе. Ситуацијата со Буфон е поинаква, тој е легенда, голмански идол на Ареола, двајцата се силни карактери. Ќе треба добро да внимаваме за да ги усогласиме, и Џиџи го знае тоа исто како и Алфонс“ – истакна Тухел.

Останува да се види реакцијата на Буфон, кој иако се наоѓа на залезот на кариерата сигурно не дојде во Париз за да биде резерва.

Се вчитува...