Не сака руски пари: Грузиецот Шенгелија се спакува и замина од ЦСКА Москва

Грузиецот Торнике Шенгелија го напушти кошаркарскиот клуб ЦСКА од Москва. Шенгелија на ваков начин реагираше по рускиот напад врз Украина.

Руските медиуми објавија дека тој со семејството заминал во Шпанија, а од клубот порабал раскин на договорот.

„Се молам за Украина. Останете силни. Оваа одлука ја донесов поради руската инвазија на Украина. Не сакам повеќе да играм за тим кој претставува клуб на руската војска“ – напиша Шенгелија.

На овој начин ЦСКА, во финишот на сезоната остана без еден од најдобрите играчи. Грузиецот во 2020 година од Басконија се пресели во Москва.

Не познато дали тој кариерата ќе ја продолжи во Шпанија или ќе паузира до крајот на сезоната. Сезонава во Евролигата, Шенгелија има просек од 12,7 поени, 4,7 скока, 2,5 асистенции и една блокада по натпревар.

Се вчитува...