„Војната“ Погба – Мурињо не е завршена: Ако кажам што мислам, ќе ме казнат…

Пол Погба по разочарувачката сезона во Манчестер јунајтед блесна во дресот на Франција и стана светски првак, докажувајќи дека „ѓаволите“ неслучајно платија 100 милиони фунти за да го доведат во своите редови. Тој на стартот од новата сезона постигна гол од пенал и беше меѓу најдобрите на теренот против Лестер, но Погба дефинитивно ги нема надминато проблемите со Мурињо, одбивајќи да говори за Португалецот, но и за својата иднина во клубот.

„Најдобро да не зборувам ништо, ако кажам што мислам, сигурно ќе ме казнат“ – кратко порача Погба.

Ниту Мурињо немаше премногу комплименти за францускиот ас без оглед на неговата добра партија во првото коло од новата сезона.

„Треба да ззнаете една работа – играчот што тренерот ќе го стави во тимот треба да биде среќен поради тоа. Секогаш како тренер ќе се чувствувате подобро отколку ако тој играч е несреќен. Тоа е се што ќе кажам“ – прокоментира Мурињо.

Манчестер јунајтед одби богата понуда од Барселона за Погба, офанзива најавува и Јувентус, па останува да се види дали „ѓаволите“ ќе го продадат францускиот ас или ќе го задржат и во новата сезона. Втората опција е многу пореална ако се знае дека преодниот рок е веќе завршен за Премиер-лигата, па дури и доколку добро го наплатат заминувањето на Погба челниците на Манчестер јунајтед нема да можат да донесат адекватна замена на „Олд трафорд“.

Се вчитува...