Војната продолжува: Најубави ми беа двете години без Џордан

Документарниот филм „Последниот танц“ ги разбранува страстите во шампионската генерација на Чикаго Булс, па дури и го стори она што се чинеше невозможно – го наруши односот меѓу Мајкл Џордан и Скоти Пипен. Токму Пипен беше меѓу најнезадоволните од прикажаните ситуации во документарецот од кои тој излезе како себичен играч што се става себе пред колективот, а крилниот кошаркар оттогаш почна и јавно да го критикува Џордан, погаѓајќи го големиот ас онаму каде што најмногу го боли.

Пипен најпрвин изјави дека според него Коби Брајант бил подобар кошаркар од Мајкл Џордан, а денеска се надоврза на таа изјава коментирајќи дека најдобрите сезони во кариерата му биле оние кога го немал Џордан за соиграч во Чикаго.

„Немојте погрешно да ме разберете, секако дека уживав играјќи со Мајкл, но кога тој си замина, тоа беше шанса за мене да бидам лидер, да видам каде сум во споредба со останатите НБА-ѕвезди. Да, тие две години без Џордан во тимот дефинитивно ми беа најубав дел од кариерата, сезони во кои најмногу уживав во НБА“, истакна Пипен.

Се вчитува...