Вокер потпиша за Сити: Гвардиола ќе ме направи подобар фудбалер

Кајл Вокер од денеска и официјално е нов член на Манчестер сити, трансфер со кој англискиот репрезентативец стана најскап светски дефанзивец. „Граѓаните“ ќе платат вкупно 54 милиони фунти за услугите на овој фудбалер, кој потенцираше дека си заминува од Тотенхем пред се поради желбата за соработка со Пеп Гвардиола.

Нема да лажам, дури и сум нервозен што ќе почнам да играм за Гвадиола. Тој е еден од најдобрите тренери во светот и не се сомневам дека ќе ме направи подобар фудбалер. Немавме можност премногу да разговараме, но тој ми рече дека добро ќе се вклопам во неговата тактика, што беше само причина повеќе што побрзо да потпишам за Сити“ – изјави Вокер.

Англискиот репрезентативец е третото засилување за Манчестер сити летово, по доаѓањето на Бернардо Силва од Манчестер сити и Едерсон од Бенфика. Следен на листата со желби на Гвардиола е бекот на Монако, Бенџамин Менди, кој не отпатува на турнеја со „кнезовите“ и во следниот период сигурно ќе ги напушти редовите на францускиот првак.

Се вчитува...