Волајд: Среќен сум од прикажаното против Македонија

Естонија беше пред триумф со Македонија, но не се разочарани домаќините ниту со осовениот бод и ремито 3-3. Имаа избраниците на Карел Волајд и водство од 3-1, но македонските репрезентативци сепак стигнаа до бод со головите на Горан Пандев и на Ѓоко Зајков.

„Естонија не се предава лесно, посебно на домашен терен. На почетокот се случи несреќен гол, очигледно е дека имаме одредени проблеми со концентрацијата. Но, игравме на домашен терен, а Естонија во последните години игра квалитетно пред нашите гледачи. Среќен сум од тоа што го покажавме против Македонија“, изјави Волајд.

 

 

Се вчитува...