„Волчицата“ ја освои Сардинија за огромен чекор кон ЛШ

Рома се наоѓа осамена на третата позиција на табелата откако „волчицата“ триумфираше со 0-1 на гостувањето против Калјари, правејќи огромен чекор напред кон пласман во Лигата на шампионите наредната сезона.

Ченгиз Ундер го реши победникот во 15. минута од мечот, откако со луциден удар по земја од петнаесетина метри го изненади домашниот голман. Рома имаше значаен адут и во голманот Алисон, кој со неколку одлични одбрани не им дозволи на домаќините да го израмнат резултатот.

Рома на две кола до крајот има четири бода предност во однос на петтопласираниот Интер, а „волчицата“ следниот викенд ќе го пречека шампионот Јувентус.

Се вчитува...