„Волчицата“ ја освои Верона

Рома успеа да слави на гостувањето во Верона со 1-3 и се искачи на четвртата позиција на табелата во Серија А со 28 бода, девет помалку од лидерот Интер. Џастин Клајверт донесе водство за „волчицата“ и набрзо потоа се повреди, а Фараони по само четри минути израмни. Во самиот финиш на првото полувреме беше досуден пенал за Рома, а го реализираше Диего Пероти.

Во судиското продолжение од натпреварот во листата на стрелците се запиша и Хенрик Мхитарјан.

Верона по поразот се наоѓа на деветтата позиција со 18 освоени бода.

Се вчитува...