„Волчицата“ не го гризна Сасуоло

Рома ремизираше без голови на гости против Сасуоло и се чини дека ги загуби шансите за пласман во Лигата на шампионите. Тимот на Клаудио Раниери сега има два бода помалку од четвртопласираната Аталанта која утре му гостува на Јувентус, а во пресрет на последното коло во Серија А.

Рома беше подобар противник, но не успеа тоа да го валорозира со погодок. Блиску беше Един Џеко во 60.минута, но ја погоди стативата, а потоа одлична можност пропушти и Џастин Клајверт. Во судиското продолжение Рома постигна погодок, но не беше признат поради офсајд позиција.

Се вчитува...