„Волчицата“ силно го гризна Спал

Рома оствари значајна победа над Спал (0-3) на гости за нови три бода и за зацврстување на третата позиција на табелата, во битката за пласман во Лигата на шампионите. Иако „волчицата“ одмори неколку фудбалери за првиот полуфинален меч од Лигата на шампионите против Ливерпул, сепак, покажа дека е барем за две класи подобар тим од Спал.

Во 33.минута, Викари си постигна автогол за водство на Рома, а во вториот дел во мрежата на противникот стрелаа и Наинголан и Шик.

Се вчитува...