Волф „крена рака“: Јас сум виновникот за елиминацијата од Нант

Во таборот на Киелце владее огромно разочарување по синоќешниот пораз од Нант кој значеше и елиминација на полскиот гигант од Лигата на Шампионите. Избраниците на Душебајев влегоа во реваншот со предност од еден гол од првиот меч во Франција, но и тоа не им помогна бидејќи вчера одиграа далеку под своите можности, губејќи со 31-34 од Кире Лазаров и неговите соиграчи.

Германскиот голман Андреас Волф во бројни ситуации сезонава беше херој на Киелце, но искусниот чувар на мрежата овојпат не беше на висина на задачата, за што гласно ја презеде одговорноста веднаш по натпреварот.

„Јас сум најголемиот виновник за елиминацијата од Нант. Екипата се бореше храбро до самиот крај, нашите играчи постигнаа 31 гол, но примивме дури 34… Само шест одбрани од нашите голмани за целиот натпревар, тоа е премалку на ова ниво на натпреварување. Искрено жалам што ги изневерив соиграчите“, истакна разочараниот Волф.

Се вчитува...