Волфсбург го најде лекот за „фармацевтите“ од Леверкузен

Волфсбург со извонредна игра го изненади Баер Леверкузен, славејќи на „Бај Арена“ со убедливи 1-4 и прекинувајќи ја серијата од три победи на „фармацевтите“ во Бундес-лигата. Тимот од Леверкузен во последните три кола постигна дури 11 погодоци, но овојпат „фармацевтите“ беа немоќни против одлично организираната одбрана на Волфсбург. Иако имаа повеќе од поседот врз топката, домаќините не успеаја да создадат стопроцентни ситуации за гол, додека на спротивната страна гостинскиот тим беспрекорно ги реализираше своите шанси.

Волфсбург поведе пред крајот на полувремето со голот на Понграчиќ, откако хрватскиот дефанзивец најдобро се снајде по центаршутот на Арнолд. Токму Арнолд потоа зголеми на 0-2, Штефен беше стрелец на третиот гол за Волфсбург, а четвртиот погодок повторно беше дело на Понграчиќ. Единствениот гол за Баер во самиот финиш го постигна Баумгартлингер.

Најинтересен натпревар денеска беше оној во Франкфурт, на кој Ајнтрахт едвај спаси бод против Фрајбург (3-3). Гостите до 79. минута имаа водсство од 1-3, но Ајнтрахт успеа да се врати и благодарение на головите на Камада и на Чендлер да избегне пораз.

Во последниот натпревар на денешната програма Вердер и Борусија Менхенгладбах ремизираа 0-0, бод со кој гостинскиот тим се израмни со Баер Леверкузен на делба на четвртото место на табелата.

Се вчитува...