Волфсбург му врачи отказ на тренерот Валериен Исмаел откако поранешниот дефанзивец не успеа да го разбуди тимот откако дојде на клупата во октомври на местото на Дитер Хекинг. Исмаел, кој претходно беше тренер на вториот тим на Волфсбург, издржа само дванаесет натпревари на клупата на овој бундеслигаш, за по петочниот пораз на домашен терен од Вердер вечерва и официјално да добие отказ.
„Откако ги разгледавме фактите и околностите, се согласивме дека најдобро е да се разделиме и да се обидеме на тој начин тимот да го вратиме во посакуваниот ритам. Не станува збор само за натпреварот со Вердер, туку за игрите и резултатите во последните месеци“ – изјави спортскиот директор на Волфсбург, Олаф Ребе.
Волфсбург по најновиот пораз падна на 14. место на табелата, само два бода над позициите кои значат преселба во понизок ранг на натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА