Волфсбург го промовираше Нико Ковач

Нико Ковач се враќа во Бундеслигата, и стана нов тренер на Волфсбург. „Волците“ објавија дека договорот со хрватскиот тренер е до 2025 година. Ковач во минатото ги водеше екипите на Ајнтрахт Франкфурт и Баерн Минхен, а последен негов клуб е Монако. Беше и селектор на хрватската репрезентација.

Ковач се враќа во Германија после три години пауза, откако во 2019 година доби отказ од местото шеф на стручен штаб на Баерн Минхен, поради несогласување со играчите.

Волфсбург, пак, беше во потрага по нов тренер, откако го разреши Флоријан Кофелд поради слабите настапи и резултати. Тимот инаку на почетокот беше воден од Марк Ван Бомел.

„Многу сум возбуден поради тоа што ми беше дадена можноста да го водам овој тим. Екипата има огромен потенцијал и мислам дека имаме идеални услови за успех“, рече Ковач на промоцијата.

Се вчитува...