Волкановски: Добив противник за одбрана на титулата токму каков што сакав!

Македонскиот ММА борец, Александар Волкановски искажа сериозна почит кон Мовсар Евлоев пред нивната меѓусебна борба за титулата на УФЦ 333.

Двајцата ќе се судрат на 24 октомври во Абу Даби, а Австралиецот со македонско потекло на еден месец пред борбата вели дека токму против таков противник и сакал да ја брани титулата. За Евлоев, пак, ова ќе биде прва шампионска борба во УФЦ.

„Како што секогаш велев – ако го заслужуваш тоа, тогаш ти си човекот со кого сакам да се борам. Сите знаат дека Мовсар заслужуваше борба за титулата. Мило ми е што сега ја добива својата шанса“, вели Волкановски.

Евлоев досега нема ниту еден пораз во професионалната кариера. 32-годишниот Русин има 10 победи во 10 борби во УФЦ и сега ќе го направи најголемиот чекор во кариерата.

Сепак, сега ќе се соочи со еден од најетаблираните шампиони во перо категорија. 37-годишниот Волкановски има 28 победи и четири порази како професионалец.

Се вчитува...