Волкот: Арсенал ми беше мачење, сега играм со насмевка на лицето!

Тео Волкот на почетокот од оваа година, по 12 години, се одлучи да го напушти Арсенал а за своја нова дестинација ја одбра Евертон. И не погреши.

Волкот на големата сцена се појави на 17 години кога Арсенал го доведе од Саутемптон и веднаш доби „етикета“ – наследник на Тјери Анри. Но, очигледно за него тоа беше преголем товар па не е ни чудно што не успеа да ги оправда очекувањата на „Емиратите“.

29-годишниот крилен офанзивец имаше и проблеми со повредите. Оваа година одлучи дека не сака повеќе да ја грее клупата на Арсенал, па успеа да се пресели во Евертон.

„Искрено ќе кажам дека не уживав во Арсенал. Се мачев. Бев фрустриран што не играв. Минав долго време таму и ме боли тоа што не играв колку што можев. Сега конечно чувствувам дека играм со насмевка на лицето па на секој натпревар сакам да дадам максимум“ – вели Волкот, притоа откривајќи дали ќе го слави погодоко ако утре постигне против Арсенал.

„Секако дека ќе го прославам. Постигнав и неколку голови против Саутемптон па ги прославував. Зошто да не уживате во постигнување голови и во славјето со навивачите? Минале толку пат па ред е и да прославите со нив. Ги разбирам некои играчи што не го прават тоа, но јас едноставно не би бил јас ако не прославам“ – истакнува Тео Волкот.

Се вчитува...