Вулверхемптон останува во трката за Лигата на шампионите, откако денеска на домашен терен го преслуша Евертон со 3-0. По израмнетото прво полувреме, „Волците“ стигнаа до водство во судиското надополнување кога Раул Хименез од пенал стрелаше за 1-0.
На самиот старт на вториот дел во 46. минута, Дендонкер зголеми на 2-0, а конечните 3-0 ги постави Диего Жота во 74. минута.
Со триумфот Вулверхемптон останува шести со 55 бода, но се уште во игра за една од позициите кои водат во ЛШ следната сезона. Евертон останува 11. со 45 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА