Вондрушова ќе ја предизвика Бенчиќ во борба за златото на ЛОИ

Чешката тенисерка, Маркета Вондрушова е вториот финалист на женскиот турнир на Летните олимписки игри во Токио. Таа во второто полуфинале славеше над Украинката, Елина Свитолина со 2-0, по сетови 6-3 и 6-1.

Во финалето Вондрушова за противник ќе ја има Белинда Бенчиќ од Швајцарија, додека во мечот за бронзениот медал ќе се сретнат Елина Свитолина и Елена Рибакина.

Се вчитува...