Арина Сабаленка има импозантен скор во дуелите со речиси сите тенисерки во кариерата, но една од оние кои не се во „минус“ против Белорусинката неочекувано е Маркета Вондрушова од Чешка.
Оваа тенисерка моментно се наоѓа на 164. место на ВТА-листата, но тоа не ја спречи целосно да ја надигра првата носителка и да слави со 2-0 во сетови во полуфиналето од ВТА-турнирот во Берлин. Сабаленка се мачеше да влезе во ритам, а Вондрушова максимално го искористи тоа, доминираше во првиот сет што го доби со 6-2, потоа и направи брејк во вториот за 6-4 и четврта победа во кариерата над Белорусинката, во осмиот меѓусебен дуел на овие тенисерки.
Мора да се истакне дека Вондрусова важи за извонредна тенисерка кога станува збор за турнирите на трева, ако се знае дека во 2023 година таа приреда сензација закитувајќи се со титулата на Вимблдон.
Таа за противничка во финалето ќе ја има подобрата од дуелот меѓу Самсонова и Ванг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА