Вориорс ги „здрмаа“ Лејкерс, шампионот подобар од Бруклин (ВИДЕО)

Иако е собран тим за големи дострели Лос Анџелес Лејкерс го запиша и седмиот пораз во низа ако се сметаат и претсезонските натпревари, откако загубија на гостувањето кај Голден Стејт Вориорс со 121-114.

Стеф Кари со 21 поен беше прво име во победничкиот тим, додека Џордан Пул заврши со еден помалку. Кај поразените недоволни беа и одличните партии на Лебон Џејмс кој постигна 34 поени и Ентони Дејвис со еден помалку.

 

Шампионот повторно беше подобар од Бруклин Нетс, добивајќи го со 127-104. Јанис Адетокумбо со 32 поени беше најефикасен кај победникот додека кај поразените исти број на поени постигна Кевин Дјурант.

 

Се вчитува...