Ворскла ќе игра два меча како гостин во Конференциската лига

Украинскиот тим Ворскла, двата натпревари против шведски АИК во рамките во Конференциската лига ќе ги игра во Стокхолм.

Украинската екипа поради руската инвазија, не е во можност да ги игра натпреварите на свој терен. Иако можеше да бира и да игра на неутрален терен во Полска, сепак, двете страни се договорија двата меча да ги игра во Стокхолм.

Двата натпревари ќе се играат во шведскиот главен град. Првиот натпревар ќе се игра на арената во Стокхолм, додека вториот во „Френдс Арена“. Дуелите се закажани за 21, односно 27 јули.

Македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков кој е член на Ворскла, не се појави на тренинзите на украинскиот тим, и веројатно ќе си замине од клубот без да одигра ниту еден натпревар.

Се вчитува...