Воша: Шкупи оди на победа против Струга

Актуелниот шампион Струга Трим Лум утре на домашен терен со почеток во 14 часот ќе го пречека Шкупи во дерби натпреварот на 20. рунда во Првата македонска фудбалска лига.

Крилниот напаѓач на Шкупи, Арби Воша, зборуваше за очекувањата во пресрет на предизвикот во Струга.

„Не очекува многу тежок натпревар. Струга е многу добар тим, но веќе не ги криеме амбициите дека на крајот сакаме да бидеме прогласени за шампиони. За овој натпревар се подготвивме максимално, во тимот има многу добра атмосфера, сите сме како големо семејство и работиме напорно. Во сите натпревари влегуваме како да се дерби, но не криеме дека патуваме во Струга со една дел, да победиме. Цврсто веруваме дека на Чаир ќе се вратиме со три бода“, изјави Воша.

Се вчитува...