Воска со соопштение по ремито со Силекс: До кога судии ќе го уништуваат нашиот клуб!

Македонскиот  прволигаш Воска одигра реми 0-0 на домашен терен против Силекс во натпревар од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Охридскиот тим по мечот е гневен на главниот судија Ндерим Тефику за кој велат дека во неколку ситуации директно влијаел во исходот на натпреварот.

Соопштението на Воска ви го пренесуваме во целост:

„На резултатот на средбата од 20. коло во Првата фудбалска лига на Македонија помеѓу нашата екипа Воска спорт и Силекс директно влијаеше главниот судија на натпреварот Ндерим Тефику. 
Постапките на кумановскиот судија и неговите помошници Мартин Дејановски и Александар Ѓурковски сериозно го оштетија нашиот тим во корист на Силекс.
Во следниот материјал споделивме дел од моментите кога нашиот тим беше директно повреден.

1- Првично во 11. минута нашиот фудбалер Шаркоски заработи тешка повреда, скршена вилица и истиот со возило на брза помош го напушти теренот, но противникот не беше казнет од судијата 
2- На крајот на првото полувреме поништен ни е чист гол, каде јасно се гледа дека топката ја поминува линијата од голот, но и покрај реакциите, судијата го продолжува натпреварот.
3- 54. минута Јахја е фаулиран во шеснаесетникот, но  Тефику не досудува пенал
4-Во 59. минута ни се ускратува акција поради непостоечка „офсајд позиција“!“, стои во соопштението на Воска. 

Се вчитува...